Моментот кога 350.000 работници дознаваат дека ќе им биде покачена платата (видео)

Додека Џеф Безос – убедливо најбогатиот човек на светот, продолжува да се богати, илјадници вработени во неговата компанија Amazon протестираа против лошите услови и бараа поголема плата. Тој факт го претвори Безос во константна мета на критики на јавноста, па на крајот главниот извршен директор на Amazon немаше избор освен да попушти под притисокот и да ја зголеми минималната плата за вработените во компанијата.

Можете ли да замислите како изгледа моментот кога тие илјадници работници дознаваат за оваа негова одлука? Видеово, објавено вчера на Твитер, го лови токму моментот кога Дејв Кларк – постар заменик претседател на Amazon, им соопштува на работниците во складот во Калифорнија, дека компанијата решила да им ја покачи платата за сите свои 350.000 вработени во САД на 15 долари од час. Погледнете:

(102)

Вашиот коментар