Момче се скара со девојката, па ја влечеше за да ја фрли под воз (ВИДЕО)

Камерите на железничката станица снимиле застрашувачки момент во кој момче се обидува да ја фрли под воз својата малолетна девојка.

Лукас Гери Наркл (19) обвинет е дека во октомври минатата година се обидел да ја убие својата девојка која тогаш имала само 14 години, така што се обидел да ја турне под возот на станицата Елизабета север во Аделаид, Австралија.

 
 

Тој се појавил пред судот во среда, откако претходно се изјавил како невин.

На шокантната снимка може да се види како девојката се држи за него додека тој ја влече кон работ на перонот.

  
 

Наркл првобитно е обвинет за обид за убиство затоа што во времето на настанувањето на спорната снимка покрај себе имал и бејзбол палка, но жртвата и обвинетиот рекле дека не ја користел.

Тој е уапсен набргу по нападот и во затвор минал три месеци, по што му е одобрено излегување со кауција.

Судијата, Симон Стертон изјавил дека не верува дека обвинетиот ќе добие поголема казна.

– Размислувам за тоа како неговата акција во снимката е кратка, неодговорна, како и дека не предизвикува физички повреди, рекол тој, додавајќи дека обвинетиот најверојатно остатокот од казната ќе ја служи со работа во јавниот сервис.

Изрекувањето на кзната е следниот четврток.

(43)

loading...

Вашиот коментар