Рапер снима спот за песна, па во кадрите фаќа и смрт во живо

Раперот Дон Деј се решил да ја екранизира својата најнова песна „Hablando con la Luna”, а идеална локација за снимање пронашол на егзотична локација во Еквадор.

Така, Дон Деј со својот креативен тим дошол до подножјето на водопадите Лагуна Салто де Оро. И додека организацијата се одвивала по планот, а снимателите бележеле неверојатни кадри, набргу се случила голема трагедија.

 
 

Додека раперот бил свртен со грбот и снимал сцена за спотот, неговата екипа присуствувала на ужасна сцена.

Имено, еден маж, како што се претпоставува, се лизнал и паднал од врвот на водопадот, а од здобиените повреди починал на лице место.

  
 

На снимката може да се види како туристите веднаш притрчале за да го извлечат од водата, но за жал му немало спас.

Како што навеле сведоците, починатиот маж, кој подоцна бил идентификуван како Карлос Понтон (33), бил дел од туристичката група која немала никаква врска со снимањето на видео спотот.

(130)

loading...

Вашиот коментар