| 21.11.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Потребни состојки:

– 3 главици кромид,
– 3 главици лук,
– 5 тиквици,
– 500 гр пилешко филе,
– Бибер и зачин од сув зеленчук,
– Црвен пипер,
– Кечап,
– Кисела павлака.

Запржете го кромидот во масло, додадете лук, измијте ги тиквиците, исечете ги по должина и издлабете ги за да се добијат форми налик брод.

 
 

Месото од тиквиците кое сте го извадиле од средина исецкајте го на коцки и додадете го во кромидот. Пилешкото месо сварете го, исецкајте го на коцки и додадете го во претходната смеса. Динстајте додека не испари целата вода, додадете зачин, црвен пипер и бибер.

Наполнете ги тиквиците со оваа смеса, ставете ги во сад за печење и пред да ги ставите во рерна додадете кечап од горе. Кога тиквиците ќе бидат речиси готови, извадете ги од рерна, посипете ги со кисела павлака и вратете ги во рерна да се допечат.

Крв да ви се стори!

  
 

(29)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef
23.11.2017. Ливадџија
22.11.2017. Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени