loading...
loading…
06.10.2017.Калина Коси
22.09.2017.Марјан Тодоровски
02.10.2017.Калина Коси


Чуден народ сме си ние. Поднебје во кое виреат највкусни овошја и зеленчуци, кои можат и би требало да се јадат сирови или варени. Ама ние не. Дури и кога ги преработуваме, маста им ја вадиме. Правиш сок, во него поише шеќер има отколку концентрација на овошје, вишни, цреши, што годе, за да биде пресладок, за да се раствара после со вода, па од еден прст, цела чаша да испадне 🙂 Кога мелеш, се што е најздраво фрлаш – влакна, кора… лушпи да немало.

Слатка, смоквите во вар стојат, до побелување и каменосување. Мармалади од кајсии, праски, исто, шербетисани до максимум. Ајвар, пржени пиперките додека не се исцеди и последниот витамин. Оние ајвари што се малку пржени само, бљак, не ги бива, не се осеќа мирисот на изгорено 🙂 Дур не излезе зејтинот што си го ставил, ајвар не се рачуна.

Туршија? Карфиоли, крставици, моркови, ги лупаш во пластично буре кое колку и да го миеш сеуште мириса на ланската туршија и ги поливаш со вода во која има хемикалии колку што ти душа сака – винобрани, конзерванси, есенции… Тоа есенцијата е киселина некоја, ако земеш да ја пиеш нерастворена во вода, самоубиство ќе си извршиш 🙂

Зошто? Кога преку цела година имаме буквално се што ќе посакаме од овошје и зеленчук! Наместо туршија или кисела зелка од буре, во секое време цела зима можеш да си направиш свежа салата од крставици, зелка, морков, цвекло! Ама зошто просто кога може комплицирано? 🙂 Послатко е кога си се утепала од печење пиперки, па лупење, па мелење, па мешање, па собирање во тегли… Она, знаеш дека си се измачила, најверојатно и разболела, а кичмата што си ја виткала тој ден цела зима ќе те потсеќа дека од ајварот те боли, така да, мора да е слатко, не смее да не биде, не се мачеше за џабе 🙂

Традиција во конзумирање на храната, од прабабите и бабите најверојатно ни останала, а кои имале неверојатна умешност од само 5 производа (патлиџан, пипер, морков, крставица, зелка) да направат 105 различни видови јадења за зимница 🙂 Тоа. А и вкусно ни е изгледа, превкусно за да се менува со нешто поздраво.

Нема везе, бутај! 🙂 Пусто… вкусно… турско! 🙂

(86)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Калина Коси
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени