loading...
loading…


| 14.09.2017. ДРУМ

Ова маало било едно од најзначајните во Скопје во наведениот период. За прв доселеник Влав во Скопје се смета ковачот Христо, кој  изградил куќа на местото Виранлак. По него се доселил ковачот Филип кој изградил куќа и дуќан. Постепено во Скопје почнал да се формира првиот Влашки сокак каде покасно била изградена црквата Цар Константин и Царица Јелена.

Власи почнале да се доселуваат и од Албанија, особено откако било опустошено Москополе и други нивни стари населби.  Власите почнале масовно да се иселуваат од тие предели.  Турските државни власти во Скопје населиле околу 20 куќи со Власи и  тој дел на градот го добил името Влашко маало.

3.21.  Улица во Влашко маало, Скопје, помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 199

3.22. Улица во близина на Првата машка гимназија и црквата “Цар Константин и Царица Јелена”, период помеѓу двете светски војни, МГС инв. бр. 321

 Сидовци, столари

На улицата Крал Александар,  на десниот брег на реката Вардар, веднаш до Народната банка, била куќата на Цветко и Атина Сидовски. Нивниот најстар   син Никола бил најдобриот скопски столар кој уште пред Првата светска војна имал работилница со машини, кои по национализацијата станале основни работни средства на фабриката за мебел “Треска”.

Никола Сидовски најнапред станал ценет дрводелец и прв во Скопје изработувал мебел, потоа отворил дуќан на прометно место во Чаршијата. И покрај големите приходи од трговијата, Никола Сидовски не се откажал од занаетот. По Првата светска војна и последиците од  тешката заразна болест колера, тој изградил куќа, веднаш до онаа на татко му. Заедно со еден партнер, Никола го откупил  хотелот”Москва” што се наоѓал во центарот на Скопје и кој важел  за елитен угостителски објект во тоа време.

Животот на Никола Сидовски бил многу тежок.   За време на економската криза, 1935-1939 година тој банкротирал.

(33)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливада.мк
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



22.09.2017. Душан Димитров
Мартин Богатиноски
Ливада.мк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени