| 21.11.2017. ПО СВЕТОТ

Секоја земја има свои правила и закони кои не би ни паднале на памет на туристите. Речиси секој кој патува често знае дека дрогите се нелегални да се пренесуваат речиси насекаде, како не смее да зборува на мобилен телефон додека лета или дека треба да имаат лични документи со нив во секое време. Но, постојат правила и закони заради кои можете да настрадате ако не сте свесни за нив.

Авиокомпанијата “Хопа” состави листа на закони кои се добро познати во популарните туристички дестинации. Овие 12 правила може да ве спасат од непотребни непријатности и плаќање казни низ целиот свет.

1. Хранење гулаби во Венеција
Хранењето на гулабите стана незаконско во 2008 година, а законот беше усвоен за да се минимизира количината птичји измет која ги уништува фасадите и спомениците во градот.

 
 

2. Високи потпетици на грчките историски локалитети
Обувки со високи потпетици се забранети за многу антички споменици и рушевини низ цела Грција, бидејќи тие дополнително ја оштетуваат површината на историските градби. Законот беше донесен во 2009 година.

3. Автостоп во Германија
Популарниот “Autobahn” има строги правила заради забраната за запирање. Возачите кои го блокираат сообраќајот затоа што се застанале да соберат патник може да добијат парична казна од 30 до 70 евра.

  
 

4. Попладневно купување на алкохол во Тајланд
Земјата е позната во светот како дестинација за забави, па многу туристи не сфаќаат дека е нелегално да се нарачаат алкохолни пијалоци, освен во периодот од 11 до 14 часот и од 17 часот до полноќ.

Што би значело дека нема нарачување алкохол на плажа во 16 часот или пиење алкохол во/до утринските часови. Сите угостители, продавачи, клубови, барови и продавници, ако се фатат во прекршок, може да платат парична казна од 90 евра или дури и да одат во затвор две години.

5. Пишување на мобилен телефон додека одите до Хонолулу
Неодамна било забрането да пишувате пораки и да зјапате во мобилниот телефон додека одите, па така пешаците ја делеа одговорноста за безбедноста на патот заедно со возачите. Во Хонолулу, Хаваи, секој кој е фатен како куца некоја порака или гледа како било каков електронски уред при преминувањето на патот може да плати парична казна од 85 евра.

 
loading...
 

6. Танцување во мрак во Јапонија
Од 1948 година оваа активност е нелегала, а овој закон е донесен за регулирање на сексуалната индустрија. Само до пред две години, законот беше изменет по кампањата за поништување на оваа забрана. Сега е дозволено танцување по полноќ, но само под силно светло од најмалку 10 лукса (тоа е 10 лумен единици по квадратен метар).

7. Пушење на отворено во Сингапур
Иако пушењето во јавноста во Сингапур не е нелегално, правилата се такви што пушењето во јавноста е практично невозможно. Не смеете да пушите на автобуските постојки, игралиштата, паркинзите, сите тие места се претворени во строги непушачки зони. Пушачите со запалена цигара не смеат да стапнат до пет метри од било која зграда, автобуска станица или заеднички простор. Инаку, може да платите парична казна од околу 6,200 евра и тоа да ви биде најскапата цигара која сте ја пушеле во животот.

8. Пцуење во јавност во Австралија
Во три австралиски држави – Нов Јужен Велс, Викторија и Квинсленд – на јавни места е забрането да се пцуе. Ако ви се откачи некоја сочна пцовка во јавност, казната може да биде помеѓу 60 и 160 евра.

9. Таблети против болки во Обединетите Арапски Емирати
Регулативата за лекови во Обединетите Арапски Емирати е исклучително строга, многу лекови дозволени во ЕУ и во целиот свет во таа арапска земја се сметаат за наркотици. Особено оние кои содржат кодеин.

На туристите им е најсигурно да ги остават своите лекови против болки дома, бидејќи поседувањето на забранети супстанции и дури и траги во крвта може да доведе до четиригодишна затворска казна.

10. Непреминување на пешачки премин, многу земји
Иако избегнувањето на ‘зебрите’ во многу земји, а исто така и во Македонија е прекршок, ситуацијата е малку построга во САД, Иран и Сингапур. Таму, преминувањето на патот на место каде што не е означено може да резултира не само во парична казна, туку со повик за на суд, па дури и затворска казна.

11. Шетање со костими за капење по градовите, Шпанија и Хрватска
Популарните летни дестинации, познати по сончевите плажи, не им дозволуваат на труистите да се шетаат во костимите за капење насекаде. Се повеќе и повеќе градови во Шпанија таквата голотија надвор од плажите ја казнуваат со парична казна помеѓу 100 и 200 евра. Во Хрватска таквата регулација зависи од локалната самоуправа, во Хвар на пример, казната за шетање во костими за капење ќе значи дека треба да одвоите трипати повеќе пари отколку во Шпанија или 600 евра. Во Дубровник 130 евра и во Новаља 65 евра.

12. Розеви шорцеви во недела, Австралија
Поради стар викторијански закон, во неделата попладне во државата Викторија, Австралија, е забрането носење розови шорцеви. Не е баш најјасно зошто е донесен овој закон, но ако ги носите розовите шорцеви од пладне до доцните часови – буквално ќе извршите моден криминал.

(28)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија
24.11.2017. Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени