| 10.04.2018. ПО ДОМА

Сезоната на крлежи почна. Неколку граѓани каснати од овие инсекти изминатиот период побарале лекарска помош на Инфективна и во клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски.

По амбулантскиот третман сите пациенти биле пуштени на домашно лекување. Никој немал компликации од убодот ниту пак некое заразно заболување што го пренесуваат крлежите.

-Хеморагична треска и лајмска болест се инфекциите што ги пренесуваат крлежите. Тие се хранат со крвта од домаќинот и така доаѓа до инфицирање, велат од Клиниката.

 
 

Една до две недели по каснувањето доколку пациентот добие висока температура или црвенило на местото на убодот веднаш да побара лекарска помош. Епидемиолозите со апел до граѓаните да не експериментираат и сами да го вадат крлежот. Во тој случај ризикуваат влошување на здравствената состојба.

-Им препорачувам на сите кои се каснати од крлеж да не користат вазелин, бензин и други средства за мачкање и сами да не се обидуваат да го вадат инсектот. По враќање од природа задолжително да направат проверка на телото особено на затскриените места каде може да се сокрие крлеж, велат тие.

Топлото време ги наезди крлежите во парковите, ливадите и шумите. Како заштитна мерка при шетање во природа е носење на соодветна облека со долги ракави за да останат што помалку откриени делови од телото.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени