| 26.11.2017. ПО СВЕТОТ

Точно пред новогодишните и божиќните празници, првата вендинг машина дизајнирана специјално за помош на бездомниците ќе биде поставена во Нотингам, Велика Британија.

Производите во машината ќе вклучуваат свежо овошје, производи за лична хигиена, чорапи, енергетски барови и сендвичи, а ќе бидат достапни 24\7.

Проектот е создаден од хуманитарната организација “Аction Hunger” и ќе биде поставен пред шопинг центар во Нотингам каде над 100 бездомници ќе можат бесплатно да подигнат до 3 производи дневно.

 
 

Ова претставува иновативен начин преку кој храната ќе стане подостапна за најзагрозените.

На бездомниците ќе им биде дадена картичка со која ќе можат да ги подигнуваат производите, а ќе треба да ја надополнуваат еднаш неделно.

  
 

 

50 проценти од производите се донација од еден супермаркет, а останата половина ги набавува “Action Hunger.”

Од организацијата сметаат дека ова е првата машина од ваков тип во светот и планираат да постават и други на различни локации во Велика Британија и САД.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени