| 01.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

На класичната банана и се потребни две години да израсне, а новите јапонски банани растат за четири месеци и за да ги јадете не треба да се лупат. Имено, земјоделците во Јапонија успешно одгледуваат овошје кое се јаде целосно со кората, сето тоа благодарение на изумот кој користи ДНК метод.

Бананата, наречена Mongee, што во превод значи “неверојатна”, е резултат на овој необичен метод на замрзнување и одмрзнување – повторно создавање на температурите и условите за раст кои постоеле во ледено доба. Како резултат на тоа плодот од банана е тенок и мек, а кората се јаде.

Повеќето банани во светот се одгледуваат во тропски области, каде просечната температура изнесува околу 27° C, но одредени плантажи во Јужна Јапонија ги држат бананите на ниска температура, дури до -60 ° C. Потоа земјоделците ги пресадуваат овие стебла на температура околу 27° C. Последицата на овие две целосно различни температури е состојбата на побрз раст на бананите. Таквите банани на крајот имаат нецелосно зрела кора на која сме навикнати да гледаме, тенки се и меки. Она што е интересно е фактот дека овие банани се доволно благи за јадење.

 
 

Овие банани се достапни во прилично мали количини и затоа секоја недела брзо се распродаваат во регионалната продавница Tenmanya Okayama. Сепак, Јапонија и натаму 99% од своите потреби за банана ги решава со увоз, а цените се прилично високи, а цената на оваа Mongee банана изнесува дури 6 долари.

Земјоделците во Јапонија истакнуваат дека ваквите банани се одгледуваат без употреба на пестициди и дека во нив постојат дополнителни хранливи материи како што се триптофан, магнезиум, витамин Б6, цинк и повеќе шеќери кои се наоѓаат токму во нејзината кора.

Имено, бананата Mongee содржи 24,8 грама шеќер, што е многу повеќе во однос на конвенционалната банана од 18 грама. Луѓето кои ги вкусиле, рекле дека тоа е тропско овошје со мирис кој ги потсетува на ананас.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
29.01.2018. Ливадџија
30.01.2018. The Chef
31.01.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени