| 28.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

На надворешните површини на Меѓународната вселенска станица пронајдена е жива бактерија со вонземско потекло.

Рускиот астронаут Антон Шкаплеров изјави дека бактеријата не била таму за време на лансирањето на станицата во 1998 година, туку веројатно „долетала“ од некој дел на вселената.

Шкаплеров изјави дека бактеријата била пронајдена додека се земале примероци од надворешноста на станицата.

 
 

Бактеријата била тестирана на самата станица, која се наоѓа во земјината орбита и откако било утврдено дека не е штетна по здравјето на луѓето, понатамошните истражувања ќе се спроведуваат на Земјата.

Руски астронаут, кој во декември ќе отиде на својата трета мисија на Меѓународната вселенска станица, како дел од Експедицијата 54, тврди дека вселенската бактерија не е опасна по здравјето на луѓето.

„Порано се случуваше бактерии од Земјата да бидат пренесени на Вселенската станица, а потоа го проучувавме однесувањето на материјата во вселената“, објаснува Шкаплеров.

  
 

 

Научници од Универзитетот во Колорадо откриле дека некои бактериски клетки го менуваат обликот во вселената за да ги преживеат нападите на вообичаените лекови кои успешно ги уништуваат на Земјата.

 
loading...
 

„Знаеме дека бактеријата се однесува поинаку во вселената. Потребни се поголеми концентрации на антибиотици за да бидат убиени“, изјави главниот автор на ова истражување Луис Зеа.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени