| 02.05.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Археолозите во Перу открија гробница од најмасовното жртвување на деца во историјата. На локалитетот Лас Јамас пред повеќе од 550 години околу 140 деца биле жртвувани. На голем број од децата на лицата им бил ставен посебен црвен пигмент.

– Жртвите биле убиени на зверски начин. На децата, за кои се проценува дека биле на возраст од пет до 14 години, им била расечена утробата, а срцата искорнати, изјави Џон Верано, професор на Универзитетот Тулан, Њу Орлеанс.

Според археолозите тоа откритие е едно од најголемите за церемонијално жртвување на деца во историјата на Јужна и Северна Америка, а можеби и во светската историја. Иако постојат слични докази за жртвување на деца кај Ацтеките, Маите и Инките, но ниту еден не е во толкави размери.

 
 

Верано повеќе од три децении ги истражува старите народи и култури.

Пред откривањето на масовната гробница во Лас Јамас, најголем број на жртвувани деца беше откриено во храмот Теотихуакан во Мексико Сити.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени