| 04.01.2018. ПО СВЕТОТ

Од почетокот на оваа година во Словенија стапува на сила закон со кој Словенците ќе можат да се венчаваат без присуство на кумови. Предбрачните договори ќе бидат отворена законска можност, јавија словенечки медиуми.

Досега во таа држава беше со законска обврска присуство на кум на венчавка, но законодавецот прифати толкување дека нивната класична улога, како лице кое потврдува идентитет на младоженците, во современото општество е непотребна.

Младенците во иднина пред началникот на општина, кој ќе биде во функција на матичар, ќе можат да се идентификуваат само со лични документи, а кумовите како сведоци ќе бидат на церемонијата само ако тоа го сакаат младенците.

 
 

Со новиот закон се отвора можност и за предбрачен договор за регулирање на имотните односи на сопружниците, како и заверена изјава за одредување кој ќе преземе грижа за децата во случај на смрт или трајна неспособност сами да остваруваат родителски права.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени