| 10.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Научниците за прв пат успеаа во лабораториски услови да одгледaат човечки јајце-клетки од рана фаза во јајчено ткиво до целосна зрелост.

Специјалисти од Единбург, Шкотска, и од Центарот за човечка репродукција во Њујорк користеле јајчено ткиво, земена со биопсија, и добиле од неа јајце, соопштува Би-Би-Си.

Откритието може да биде употребено при терапија за регенеративната медицина и новите методи за лекување на неплодност. Во претходните слични истражувања научници успеале да одгледаат во лаборатиски услови јајца од глувци до фаза во која се добива нова генерација.

 
 

Човечките јајца исто така се одгледувале надвор од телото, но започнале од релативно доцна фаза на созревање.

“Способноста за растење на човечка јајце клетка во лабораторија може да ги зголеми опциите за третман на оплодување. Сега работиме на оптимизирање на условите во кои се развиваат јајцек летките и испитаме колку здрави се тие “, рече Ивлин Тефлр, која е дел од тимот.

  
 

 

Независни експерти ова го нарекоа важно откритиеа, но предупредија дека има уште многу работа пред во лабораторија да се одгледаат човечки јајце-клетки и да бидат оплодување со сперма.

Технологијата е во почетна фаза и е потребно многу повеќе работа, за да се увериме дека е безбедна и оптимизирана. “Треба да се увериме дали овие јајце клетки остануваат нормални за време на процесот и можат да бидат оплодени, па од нив да се формираат ембриони кој ќе станат здрави бебиња”, рече професорот по ендокринологија Али Абара од царски колеџ во Лондон.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени