| 02.01.2018. ПО ДОМА

Празниците се време кога сите знаеме да претераме и со храната и со алкохолот. Иако во моментот можеби се чувствуваме одлично, ефектот потоа може да ни создаде главоболки, мачнина и генерално лоша општа состојба на организмот.

Меѓу најпопуларните и наједноставни пијалаци за детоксикација на организмот е водата со лимон.

Но, со новата година можете да пробате и нешто ново, па лимонот да го замените со портокал, јагоди, краставица, нане, цимет, рузмарин, лимета, манго…

 
 

Ако не сте љубител на ваков тип течност, тогаш посегнете по чај – оној од ѓумбир одлично ќе ја заврши работата, како и зелениот чај или едноставно детокс чај.

Но, ако не сакате ниту чаеви, тогаш можете да се одлучите за смуди. Можете сами да ги комбинирате најдобрите намирници за детокс – спанаќ, целер, лимон, ѓумбир, шумско овошје, манго, лубеница, бадем…

  
 

Ние во продолжение ќе ви дадеме пет предлога, што ќе бидат не само одлични детокс пијалаци, туку и одлична замена за доручек или ужина.

#1 Детокс смуди со јаболка и авокадо

 
loading...
 

1 ½ шолја сок од јаболка
2 шолји спанаќ или кељ (исечкани)
1 јаболко (неизлупено и исечкано)
½ авокадо (сечкано)

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не стане смесата компакнта. Додадете вода по желба, во зависност од тоа колку сакате да ви биде густ пијалокот.

#2 Детокс смуди со ананас и банана

1 шолја ананас
1 банана
1 јаболко
1 шолјa спанаќ
1 шолја вода

#3 Зелено детокс смуди

1 киви
1 банана
¼ шолја ананас
2 китки целер
2 шолји спанаќ
1 шолја вода

#4 Детокс смуди со јаболка и шумско овошје

1 шолја микс од шумски овошја (малини, капини, јагоди)
1 големо јаболко
2 шолји спанаќ
1 шолја вода (или незасладено млеко од бадем)

#5 Детокс смуди со шумско овошје

1 шолја мешано шумско овошје
½ шолја кокосово млеко
1 шолја вода
Овесни снегулки по желба

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени