| 07.12.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Можеш да се фалиш пред гости со домашен компот од вишни, или можеш со чоколаден ликер. Рецептов е за ова второто. Додуша има неколку варијации, ама овој овде е варијантата што вклучува пудинг. Ако ти требаат повеќе идеи за домашни ликери, клик овде.

Состојки:

– 1 литар млеко
– 300 грама шеќер
– 500 милилитри рум
– 1 чоколаден пудинг
– 100 грама какао во прав
– 1 ванилин шеќер

 
 

Подготовка:

Разматете го пудингот во 300 мл ладно млеко, а остатокот од млекото сварете го. Во жешкото млеко додадете го шеќерот и ванилин шеќерот и мешајте додека не се истопи/раствори. Додајте ги пудингот и какаото во смесата и мешајте три минути. Додека е врела додајте и рум и потоа оставете ја да се олади.

Оладениот ликер се става во стаклени шишиња и се чува на ладно место. Пред употреба добро протресете го. Ако сакате поредок ликер, ставете повеќе млеко, а помалку шеќер.

  
 

Наздравје!

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef
05.12.2017. The Chef
04.12.2017. Ливадџија
06.12.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени