08.11.2017.Ливадџија
09.11.2017.МТеохаров

Побарајте од Европеец да ви покаже за силно и стабилно лидерство и до оваа недела тој ќе го посочеше прстот во Германија. Земја која е горда на својата поствоена историја за политичка стабилност и внимателно градење консензус. Се додека, Ангела Меркел ја доби непосакуваната чест да стане првиот германски канцелар од Втората светска војна што неможе да формира влада.

“Што е следно, Германија?” е омилената насловна страница во моментов тука; прашањето што се одбива низ целата земја од федералниот парламент до редиците на локалните автобуски постојки и на бескрајните ТВ-разговори.

Германците ги тријат очите, сеуште во неверување дека нивните нормално постабилни мејнстрим политичари сега може да се свртат кон непосакувани, неочекувани предвремени избори. Но не, ако го прашате и претседателот на Германија. Френк-Волтер Штајнмаер стравува дека новото гласање ќе биде од полза само на екстремната десница.

 
 

Сега се наоѓа себеси на состаноци со поединечни политички партии, со голема доза на убедување и притисок за исполнување на агендата. Денес е ред на Социјалдемократската партија (СПД) да влезе во претседателскиот кабинет. СПД моментално е во владата со конзервативците на Ангела Меркел. Очекувајте судир меѓу волјата на германскиот претседател – кој и самиот е човек од СПД – и лидерот на партијата, Мартин Шулц, кој ја отфрли можноста да се врати во Groko (како што Германците ја нарекоа “големата” централно-левичарска и централно-десничарска коалиција која владееше во Германија во осум од последните 12 години).

  
 

Бидејќи разговорите за формирање на нова влада се распаднаа рано во понеделникот изутрината, г. Штајнмаер и новиот председавач на германскиот парламент – поранешниот министер за финансии, Волфганг Шојбле – ги спремија своите говори со ставање акцент на за должноста и одговорноста кон државата. Во дизајнирани тонови, може да се рече, да предизвикаат лутеријанско чувство на вина кај старата политичката стража која овде сепак може да биде рецептивна.

Двајцата мажи апелираа до големите политички играчи во Германија да работат на формирање на влада, ставајќи ја партиската политика настрана за доброто на нацијата и како што тврдат тие, за доброто на Европа.

 
loading...
 

Германскиот естаблишмент е алармантно свесен дека и другите надвор од земјата, исто така, не можат да поверуваат во германската политичката криза.

Претседателот Макрон, како прво, е шокиран. Без Ангела Меркел и економски моќна и политички влијателна Германија на негова страна, неговата визија за амбициозно реформирана Европа ќе остане токму тоа: визија. Елитата на Европа е вознемирена низ сите нивоа. А таман беше на пат на постепено враќање на довербата по шокот од гласањето на Брексит. Се чинеше дека работите се движат по волјата на ЕУ со посилното евро, помалата поддршка за популистичките националисти, плус плановите за реформирање на еврозоната, политиката за азил и новата соработка меѓу сите земји во за заедничка одбрана.

Но, сето тоа наложува Германија да биде на местото на возач на камионот, а не да прави кругчиња во гаражата дома.

А што е со Брексит?

Па, тешко е да се предвидува со некаква сигурност.

Контакт близок до Ангела Меркел ми кажа дека нејзините тешкотии во градењето на коалицијата нема да влијаат на ставот за Брексит во Германија. Секако, главните политички партии тука се на ист ум кога станува збор за проблемите со разводот на Брексит. Но, кога сме кај разговорите за трговија и транзиција, Ангела Меркел ќе недостига многу ако ја изгуби својата позиција или политички се расејува со месеци на внатрешни прашања.

Да, таа е строга со правилата, но г-ѓа Меркел е исто така и прагматичар.

Таа се надева на добар договор со Брексит поради две главни причини: да има корист за германскиот бизнис и, исто така, да помогне да се задржи Европа посилна, со тоа што ќе ја задржи Британија блиску до ЕУ, додека таа загрижувачки гледа кон Русија, Иран, Северна Кореја и непредвидливите САД под Доналд Трамп.

Британската влада повика на креативно, имагинативно размислување, што резултираше со амбициозен договор за Брексит, но за тоа ви треба политичка волја и политичко влијание на страната на ЕУ. Ниту еден глас не е погласен во круговите на ЕУ од германскиот и оној на Ангела Меркел. Ако таа е политички замолчена, тогаш тоа ќе има ефект и надвор од границите на Германија.

И, дали нејзиното време помина?

Тука се зборува за “Merkel-Dämmerung”, преведено во “самракот на Меркел”, што значи тивко излегување надвор од ерата на Меркел, но јас уште не би ја отпишала. Таа е искусен политички борец кој веќе поминал три мандата на функцијата и има добри резултати и како што вели самата, проклета да биде ако се откаже сега.

Но, ова е секако најголемата криза во нејзината кариера.

Еднаш наречена кралица на Германија, па дури и царицата на Европа, степенот до кој и се лизна круната беше болно очигледен додека таа беше принудена (преку вештачка насмевка) трпеливо да одговара на повторените прашања за германската телевизија за тоа дали таа е политички еквивалент на ланскиот снег.

Но, г-ѓа Меркел сè уште ужива рејтинг за лична популарност за која многумина лидери во ЕУ може да сонуваат и таа добро знае дека нејзината партија нема друг одржлив кандидат за канцелар.

Според анкетата на Forsa, 45% од Германците се залагаат за нови избори. Г-ѓа Меркел вели дека ако не може да се формира ниту една коалиција, таа исто така се залага за таа опција отколку за раководење со малцинска влада.

Значи, тоа е реална можност.

За многу млади Германци тоа е возбудлива перспектива. Фрустрирани од консезуалната политика која тие ја гледаат како играње на сигурно и досадна, тие се надеваат дека ова би можело да биде почеток на политички земјотрес во Германија – исфрлање од игра на оние што ги сметаат за стара гарда.

Тие сакаат германските политичари помалку да се опседнати со избегнувањето на долгот и наместо тоа да инвестираат повеќе во сопствената земја – да ги подобрат патиштата и железничките услуги и лошите интернет врски надвор од големите градови.

Германија има најниска стапка на инвестиции во инфраструктурата од која било голема, богата економија. Иронијата тука е дека ако ова е почеток на една германска политичка револуција, таа доаѓа во време кога земјата никогаш била толку развиена економски – со издигнување на извозот и редовен дебел вишок од федералниот буџет – и кога Европа, соочена со меѓународни несигурности, се потпира повеќе од кога и да е на силно и стабилно германско раководство.

Катја Адлер – дописник од Германија за ББЦ

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени