loading...
loading…
06.10.2017.Калина Коси
02.10.2017.Калина Коси
22.09.2017.Марјан Тодоровски


Се чудат пензионериве зошто на некои им ја покачиле пензијата за 200 денари, на некои за 400, на некои за 600. Пари за кои цел живот работеле и придонесувале земаат, а не знаат од каде им доаѓаат. Не знаат кои ѝ се должностите на државата според закон во врска со тие нивни пари. Полесно им беше кога им пуштаа по 500 денари подлажување, на сите исто, линеарно. Сега чудно им е, па се лутат, зошто на сите им е различно покачено, демек едниве помалку ги сакаат, другиве поише.

Се работи за усогласување на пензиите според пораст на трошоци за живот по закон, процентуално исто за сите, но во апсолутен износ, согласно висината на пензијата, различно за сите, ако не се лажам. Не знам, вие, пензионерите тоа треба подобро од мене да го знаете! Не јас вас, што сум млада, многу години пред пензија, сеуште незаинтересирана за таа тема, туку вие мене, како постари, помудри, поискусни, би требало да ме учите зошто постојат такви разлики!

Чест на исклучоци, не ги ставам сите во ист кош, да се разбереме веднаш! Има многу умни пензионери што си ги знаат и законите и правата, ама ова другово… не бива дечки вака. Со таква неинформираност и неукост у комбинација со право на глас, кај ќе не однесете нас помладите да ве прашам??? Ако не знаеш што на тебе лично ти следува, како ќе знаеш кога ќе се најдеш со пенкалото во рака што е мое право и што мене би требало да ми следува? Како да ти верувам дека тогаш вистинскиот избор ќе го направиш, а??? Ако не знаеш, барем прашај, информирај се, им го должиш тоа на децата и внуците!

(102)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Калина Коси
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



19.10.2017. Ливада.мк
Атанас Вангелов
21.10.2017. Душан Димитров

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени