| 04.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Ако некогаш се најдете во Северна Шпанија и воедно сте голем љубител на Game of Thrones тогаш сигурно ќе сакате да посетите некоја од локациите каде што е снимена серијата.

Тој ноемвриски ден во регионот Баскија беше ужасно ветровит, дури дождот не престануваше со часови, но желбата лично да го засведочам тој епски хронотоп беше посилна од мене.

Фатив автобус од Билбао, се возев триесеттина километри до едно место именувано како Бакио. Ни чадор не ми помагаше да се справам со водените капки.

 
 

Бев возбуден од помислата дека по истата патека чекорела и актерската екипа од мојата омилена серија.

Кога пристигнав на посакуваната дестинација бев целосно накиснат и штом го здогледав островот заплискан од брановите на океанот се сетив на сцената од седмата сезона кога за првпат се сретнаа Џон Сноу и Денерис.

  
 

Пред мене се наоѓаше мост со 241 скали кој спроведуваше до Dragonstone, но тука немаше никаков замок, на врвот се наоѓа црквата San Juan de Gazteluggatxe, посветена на Свети Јован Крстител. Имаше гласини ако се заѕвони трипати на камбаната и си замислиш желба, истата ќе ти се исполни.

Исполнет со стравопочит спрема околината, уживав во бесните бранови, замислувајќи дека над мене летаат змееви.

 
loading...
 

Локацијата откако беше прикажана низ светот придонесе бран на туристи, кои секојдневно доаѓаат да го посетат овој воодушевувачки поглед.

(1)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени