| 05.04.2018. ПО СВЕТОТ

Дали е заради филмот на Дени Бојл „Плажа” или заради фактот што местово навистина го одзема здивот, тајландскиот залив Маја долго време е популарна дестинација за љубителите на филмовите и патниците.

Сега, туристите треба да се соочат со привремена забрана и долгорочни ограничувања на бројот на посетители. Плажата на Ко Фи Фи Ле која беше прикажана во хит-филмот на Леонардо Ди Каприо од 1999 година, привремено ќе биде затворена од тајландските власти во обид да се дозволи корални гребени и морскиот свет да се опорават од години немилосрдна туристичка активност.

Зашеметувачкиот залив првично ќе биде затворен четири месеци за да се овозможи некое природно закрепнување. Осамениот регион одеднаш стана славен, откако беше претставен во “Плажа”, филм базиран на истоимениот роман на Алекс Гарланд. Леонардо Ди Каприо играше млад авантурист во филмот, а наскоро откако беше објавен, бројот на посетители на малиот остров драматично се зголеми.

 
 

Од јуни до септември, Маја заливот ќе биде затворен за туристи, а ова ќе биде одлука што ќе се случува годишно. Во просек, 200 бродови кои носат над 4000 туристи секојдневно пловат во областа, а според анкетите на морски биолози, коралните гребени се уништени и морски свет е практично исчезнат.

„Преработена и уморна, сите убавини на плажата исчезнаа . Потребно е плажата да се одмори”, вели еден од морските научници и членови на Комитетот за тајландска национална стратегија за развој на животната средина. Други тврдат дека можеби веќе е предоцна да се спаси заливот Маја.

Кога плажата ќе биде повторно отворена, ќе биде поставена дневна граница од 2000 туристи. На бродовите нема да им биде дозволено директно да се закотват во самиот залив, и наместо тоа, ќе се користат пловечки понтони на спротивната страна на островот.

  
 

Тајланд останува многу популарна дестинација за патниците од целиот свет. Кога пред 18 години филмот „Плажа” имаше премиера, имаше 10 милиони посетители годишно, во споредба со околу 38 милиони кои ќе пристигнат само оваа година.

Два други тајландски острови беа затворени за туристите во минатото. Во 2016 година, Koh Yoong, дел од островскиот синџир Phi Phi и Koh Tachai, во Националниот парк Симилан Острови, беа забранети за посетители. Резултатите од тоа беа доволно охрабрувачки за властите да ја воведат оваа најнова забрана.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
03.04.2018. The Chef
02.04.2018. Ливадџија
04.04.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени