| 02.04.2018. ПО СВЕТОТ

Жонг Чонгронг не е обичен милионер. Не вечера во најскапите ресторани, не посетува забави и концерти, а не се дружи ниту со кинеската елита.

Жонг е еден сосема обичен 51-годишен милионер кој по работното време на сите можни начини се обидува и успева да заборави на својата финансиска состојба поради личен мир и задоволство.

Пред точно три години, Жонг ја донел една од позначајните одлуки во животот – да стане мал ѓубретар кој во осум часот секое утро ќе започнува да го чисти реонот во кој што живее.

 
 

Собира отпушоци, хартија, гуми за џвакање и друг ситен отпад и ќе гледа улиците во неговиот крај секогаш да бидат кристално чисти.

Кога започнал со необично хоби, многу го гледале чудно. Додека некои му се восхитувале, оние со послаба вера во човечката добрина, во неговит егестови виделе самопромоција, евтина желба соседите повеќе да го ценат иако знаат дека е „полн како брод“.

На коментарите не придава внимание. Со маица и стап за собирање смет тргнува во акција. Наидувал и на насмевки и веќе на почетокот знаел дека прави добра работа.

  
 

– Во текот на семејното патување во 2015. година во Хајанан, сретнав професор во пензија кој некогаш ми предаваше на Цингхуа Универзитетот. Ми рече дека последните четири години собира смет на блиската плажа. Беше среќен што се грижи за околината, екологијата му беше на првото место. Оставу толку силен впечаток врз мене што сакав да ја направам правилната работа, рекол Чонгронг.

Во меѓувреме во своите компании тргнал во мисија за охрабрување на вработените да го следат неговиот пример, но како што велат, засега нема многу корист од тоа.

 
loading...
 

Неговото семејство исто така не е среќно поради неговата нова мисија. На шетање во портокаловата маица по крајот и собирањето на сметот не гледаат благонаклонето и напорно се обидуваат да го одвратат од тоа.

– Целосно е неважно колку сме академски образовани и дали фрламе или собираме смет. За околината мораме да водиме сметка. Кој ќе го направи тоа наместо нас? Колку и да работат ѓубретарите деноноќно на чистењето на улиците, тие остануваат валкани. Тоа само значи дека нешто мораме да менуваме – јасен е овој милионер кој во своја сопственост има неколку агенции за недвижнини, продавница за автомобили и компании за преработка на материјали.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени