| 14.09.2015. ПО ДОМА

Контроверзното сведочење на поранешниот шеф на тајната полиција, Слободан Богоевски, пред судот во Њујорк објавено од тамошниот суд, а пренесено од Соросовите медуми, открива неколку скандалозни факти кои засега сите ги премолчуваат. Без да се навлегува во вистинитоста на обвинувањата кон останатите споменати во сведочењето, доволно провокативен е исказот на Богоевски во кој признава (а деновиве и самиот го потврди тоа), дека бил соучесник во поткупување на премиер! Уште поневеројатно е тоа што ова шокантно признание на еден поранешен висок функционер близок до опозицијата кај истите тие опозициски медиуми се претставува првенствено како грев на ВМРО-ДПМНЕ, а не како скандал на СДСМ и на ДУИ. Нема дилеми дека треба да се истражи наводниот потпук на државните функционери, но неверојатно е да се застапува тезата дека посредувањето при поткупување е сосема нормална постапка која не е вредна ни за јавна осуда и за барање до властите за поведување истрага. Многупати сме виделе како со лажни сведоштва се пуштаат низ вода поранешни високи функционери на СДСМ, кои од разни причини денес не се дел од партијата. Токму затоа мора да бидеме претпазливи за заднината на ова сведочење. Но, не е првпат ниту опозицијата и нејзините медиумски поддржувачи да претставуваат како жртви на системот извалкани бизнисмени, криминалци и лица од подземјето кои се спремни да се борат на нивна страна против оваа власт.

Токму затоа, Соросовите медиуми кои го пренесоа сведочењето, наместо да сеат магла би требало да постават неколку логични и конкретни прашања: Дали Богоевски треба да биде кривично гонет за признанието дека посредувал во корупција? Колкав бил неговиот дел за посредувањето? (Да не посредувал за доброто на државата!?) Ќе каже ли самиот во уште колку наврати ја злоупотребил функцијата за лични цели спротивно од интересите на граѓаните? Како станал заштитен сведок и под кои услови? Со други зборови, дали Богоевски сведочел за да помогне во борбата против корупцијата, или едноставно за да се спаси и самиот од обвинение? Зошто судот во Њујорк го објавил неговото сведочење и покрај тоа што се води како заштитен сведок, а не и сведочењето на поранешниот премиер, Владо Бучковски?

Одговорите на овие прашања се важни за да може јавноста да ја има целата слика за овој човек, но сигурно нема да дочекаме да ги видиме и да ги слушнеме на медиумите финансирани од Сорос, затоа што подолг период наназад опозицијата го претставува како експерт од областа на безбедноста и разузнавањето. Поранешниот разузнавач не се симна од Соросовите телевизии и портали, повторувајќи ги како папагал тезите на Заев дека власта вршела нелегално прислушување на повеќе од 20.000 граѓани, без да види докази за такво нешто. Истиот тој ширеше и небулозна теза во корист на опозицијата дека никој друг освен МВР нема капацитет за масовно прислушување.

 
 

Останува нејасно кој е интересот на Богоевски активно да биде вклучен во антидржавната пропаганда, одработувајќи за сценариото сервирано од надворешни центри на моќ? Се додворува ли на опозицијата во стилот на Верушевски и што добива за возврат? До кога опозицијата ќе биде заложник на остатоците од удбашките структури во МВР и ќе функционира како здружение на непоправливи криминалци? До кога овие луѓе ќе доминираат над интелектуалците во СДСМ кои имаат вистинска волја да променат нешто на подобро и во партијата и во државата?

Има ли некој во СДСМ да ги раскине врските со таквите како Богоевски и Верушевски и да го затвори патот за други криминогени структури во безбедносните служби слични на нив, а наместо со удбашки методи, да се бори за власт со вистинска платформа?

Тоа е единствениот правилен пат за враќање на поддршката од народот, но и од меѓународната заедница на која и самите соросоиди признаваат дека не ѝ е јасен патот по кој оди СДСМ. Повеќе од јасно е дека во моментот Брисел не гледа замена за Груевски во опозициските редови. Всушност, Груевски може да биде сменет само од чесен и од способен човек подготвен да ги спроведува реформите и да ги исполнува очекувањата на граѓаните. Затоа е нејасно зошто членовите на СДСМ со години наназад дозволуваат партијата да ја уништуваат една шака губитници и сомнителни ликови од криминалното подземје.

  
 

Ненад Мирчевски – www.republika.mk

Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

(304)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени