Баунти колачи: Десерт готов за 10 минути

Баунти чоколадите се познати по вкусот во кој уживаат сите љубители на комбинацијата од кокос и чоколадо. За да не излегувате до продавница додека е жешко, истите може да си ги подготвите дома, за само 10 минути.

Потребни состојки:
– 200 ml млеко
– 150 g кокос
– 400 g шеќер
– 400 g чоколадо

 
 

Подготовка:
Во еден сад сипете млеко и додајте ги кокосот и шеќерот, па мешајте додека не добиете густа кремаста маса. Смесата сипете ја во калапчиња или во коцкаст сад и ставете ја во фрижидер додека целосно не се излади и зацврсти. Откако ќе биде стврдната извадете ја од калапот и исечете ја на парчиња.

Едно по едно од парчињата прелијте го со стопено чоколадо и вратете го во фрижидер за да се стврдне чоколадото.

  
 

Почекајте малку време и уживајте во неодоливиот вкус.

(161)

loading...

Вашиот коментар