Бифтек во сос од домати

Ова прекрасно јадење можете да го спремите во некоја специјална прилика, да ги воодушевите домашните или гостите.

Потребни состојки:
– 4 шницли од бифтек по 200гр
– лажица масло
– 30гр путер
– сол
– бибер

 
 

За сос:
– 4 мали домати (може и домат од конзерва)
– 30гр путер
– сол
– лук и кромид (во прав)
– риган
– шеќер
– 100гр павлака

Начин на подготовка:
Шницлите премачкајте ги со масло, па пржете ги на тава од двете страни по три-четири минути. Потоа додадете путер, додадете сол и бибер и оставете уште малку на загреаната тава. Кога ќе го извадите бифтекот, во сосот од пржење на месото, додадете путер за сос и домати веќе исецкани и исцедени.

  
 

Зачинете со сол, лук и кромид во прав, риган и со малку шеќер.

Додадете ја и павлаката, па поклопено динстајте четири минути. По потреба додадете уште зачини. Бифтекот сервирајте го со сос и украсете по желба.

(16)

loading...

Вашиот коментар