Брза пита со тиквички и сирење

Сите знаеме дека домашно приготвените пити се едни од највкусните и најпрекрасните јадења кои неретко ни носат спомени од нашите баби и нивните вешти раце за сукање. Еве еден од тие рецепти кои можете да го приготвите вие.

Состојки:
– 2 поголеми тиквички
– 200 мл кисела павлака
– 200 грама сирење
– 3 лажици презла
– 4 лажици брашно
– 4 јајца
– 100 мл масло
– сол по вкус
– половина лажиче сода бикарбона (или прашок за пециво)

 
 

Тиквичките излупете ги, нарендајте ги на крупно, посолете ги и ставете ги во цедилка да се исцедат. По десетина минути исцедете ги уште малку со рака и ставете ги во подлабок сад. Настрана изматете ги јајцата, сирењето, павлаката, брашното, презлата, солта и содата, и потоа додајте ги во садот со тиквички.

Намастете ја тавата и истурете ја во неа смесата. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30-тина минути, додека не се направи златна коричка одгоре. Добар апетит.

  
 

(50)

loading...

Вашиот коментар