Брз и едноставен рецепт: Превртен колач со јаболка

Во зима покрај тоа што можете да уживате во чоколадото во големи количини, исто така, можете да уживате и во вкусот на јаболката кои сè уште можете лесно да ги набавите.

Еве еден одличен и пред сè лесен рецепт за подготовка на колач со јаболка:

 
 

Потребни состојки:
– 4 до 5 јаболка
– 50g + 1 лажица путер
– 7 лажички шеќер
– 1 лажичка цимет

За тестото:
– 75g путер на собна температура
– 5 лажици шеќер
– 3 јајца
– 3 лажици кисела павлака
– Кора од лимон
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 лажички прашок за печиво
– 11 лажици брашно

  
 

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад за печење нанесете путер. Исечкајте ги јаболката и исцедете лимон на нив.

Во сад растопете ги 50g путер, додадете 5 лажици шеќер и гответе додека не се растопи шеќерот.

Ставете ја смесата во садот за печење и наредете ги јаболката. Ставете на јаболката уште 2 лажици шеќер и 1 лажица путер исечкан на мали парчиња. Садот ставете го во рерна додека го подготвувате останатиот дел од колачот.

Додека јаболката се печат, подгответе го тестото. Одвојте ги белките и жолчките.

Во еден сад ставете ги 75g путер, 5-те лажици шеќер и мешајте додека не добиете компактна смеса. Во неа додадете ги жолчките, киселата павлака, кората од лимон и екстрактот од ванила. Мешајте додека состојките не се соединат.

Изматете ги белките и додадете ги на смесата.

Извадете ги јаболката од рерна и наросете ги со цимет. На нив додадете ја смесата и печете 25 – 30 минути додека не добиете златножолта боја и кога ќе го боцнете колачот со чепкалка, на неа не останува ништо.

Извадете го колачот од рерна и оставете го да се олади 5 минути.

(101)

loading...

Вашиот коментар