Брз рецепт за познатиот шпански омлет

Шпанскиот омлет е познат низ светот како една од највкусните идеи за појадок широко прифатена од многу нации.

Неговите варијации можете да ги сретнете во многу земји, но сепак оригиналниот рецепт е рецептот со кој ќе го добиете автентичниот вкус на Шпанија.

 
 

Потребни состојки:
– 3 јајца
– 2 лажици млеко
– малку путер
– домати
– шунка
– кашкавал
– сол и црн бибер

Подготовка:

  
 

1. Изматете ги јајцата заедно со млекото и додадете малку сол и црн бибер.

2. Исчекајте ги ситно шунката и доматите и изрендајте го кашкавалот.

Ednostaven-recert-za-poznatiot-spanski-omlet-02

3. Истурете околу 2/3 од смесата во подмачкана тава на оган и додатете ги одозгора сечканата шунка, доматите и ренданиот кашкавал. Превртете кон средината мал дел од едната страна на омлетот а во празното место истурете ја преостанатата смеса.

Ednostaven-recert-za-poznatiot-spanski-omlet-03

4. Штом ќе добие златно кафеава боја, свиткајте го во ролна и спремен е за послужување.

Ednostaven-recert-za-poznatiot-spanski-omlet-04

Ednostaven-recert-za-poznatiot-spanski-omlet-05

(101)

loading...

Вашиот коментар