Видео рецепт – Мини пици од стар леб

Останати ви се неколку парчиња леб од пред неколку дена? Не го фрлајте, туку искористете ги за да направите превкусен оброк и тоа за екстра кратко време. Овие топли мини пици, кои се прават навистина лесно, вашите деца ќе им се израдуваат најмногу, а вам ќе ви бидат идеални кога нема да имате многу време на располагање.

Потребни состојки:
– кашкавал
– шунка/кулен/пршута
– печурки
– јајце
– кечап
– оригано
– стар леб исечен на парчиња
– други зачини по желба

 
 

Мерките се произволни и се комбинираат по вкус. Изрендајте го кашкавалот и исечкајте ја шунката, па сите состојки (без лебот) заедно помешајте ги во еден сад. Доколку смесата ви е премногу густа, можете да додадете малку јогурт.

Можете да бидете креативни и да додадете и други состојки по ваша желба.

  
 

Добиениот фил ставете го врз парчињата леб, одозгора врз секое лепче ставете уште малку рендан кашкавал, а потоа наредете ги во тавче и потпечете ги во рерна, додека малку да поцрвенат.

Уживајте во крцкавите и вкусни домашни пица парчиња!

(120)

loading...

Вашиот коментар