Вкусна кекс торта со кафе

Неодолив десерт погоден за секаква прилика, а и лесно се прави.

Состојки:
– 250 гр маргарин
– 6 јајца
– 250 гр шеќер
– 200 гр црно чоколадо за готвење
– големо пакување кекс – 500 гр
– 250 гр шеќер во прав
– 1/2 л јако црно кафе

 
 

Начин на подготовка:
Белките одвојте ги од жолчките. Жолчките разматете ги заедно со половина од количината шеќер, да бидат пенасти, и гответе ги на пареа, додека не згуснат. Кога тоа ќе се излади, додајте разматен маргарин заедно со останатата половина шеќер. Соединете ги маргаринот и жолчките и во таа смеса додајте растопено чоколадо.

Белките разматете ги во снег и постепено додавајте ги во кремот со жолчки, мешајќи со дрвена лажица.

  
 

Згответе црно или филтер кафе, околу половина литар, и во него натопете го кексот. Редете еден ред кекс, еден ред фил. Тортата потоа декорирајте ја по желба.

Крв да ви се стори!

(42)

loading...

Вашиот коментар