Вкусни ќофтиња во сос од јогурт

Одлична можност да експериментирате малку во кујната, а сепак да добиете вкусен и сочен финален производ кој ќе ги воодушеви домашните или гостите.

Состојки:
– 500 гр мелено месо
– 1 главица кромид
– 4 чешниња лук
– леб (мекиот дел)
– малку млеко
– 2 јајца
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– брашно
– масло
– сол
– зачини по желба

 
 

Состојки за сос:
– 200 мл јогурт
– магдонос
– 1 мала главица кромид
– 1 лажичка маслиново масло
– сол
– бибер

Начин на подготовка:
Во меленото месо додајте јајца, ситно сечкан кромид и лук, половина лажичка прашок за пециво, леб потопен во млеко, па исцеден. Зачинете по вкус и правете топчиња. Секое топче извалкајте го во брашно и пржете ги на масло.

  
 

Ситно исечкајте кромид, магдонос и босилек. Во длабок сад добро измешајте маслиново масло и јогурт, па додајте босилек, кромид и магдонос.

Посолете го сосот по вкус и со него прелијте ги готовите ќофтиња.

Крв да ви се стори!

(55)

loading...

Вашиот коментар