Вкусно лепче со лук и зачини

Ни се чини дека нема нешто послатко и повкусно од домашно замесен леб. Микс на традиција и прекрасни комбинации на вкусови за секоја пригода.

Состојки
– 550 гр брашно
– 230 мл вода (топла)
– ½ пакетче свеж квасец
– 1 лажичка шеќер
– ½ лажичка сол
– 120 гр путер
– 1 лажица оригано, рузмарин (или босилек)
– 1 лажица буковец
– 2-3 чешниња лук
– 2 лажици крупна сол
– малку црн пипер
– малку маслиново масло

 
 

Подготовка
Во сад ставете малку млака вода, додадете малку брашно, ½ лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го малку да нарасне.

Во меѓувреме растопете го путерот, додадете сол, оригано, сечкан лук, мајчина душичка и убаво измешајте.

  
 

Во друг поголем сад ставете го остатокот од водата, додадете брашното, квасецот, путерот и убаво мешајте додека не добиете хомогена маса. Оставете го тестото да нарасне убаво (барем дупло).

Нараснатото тесто уште малку замесете го и префрлете го во подлабок сад (тенџере). Со нож засечете го горниот дел од тестото во форма на крст. Налејте маслиново масло на дното на тенџерето и на самото тесто и попрскајте со крупна сол и буковец.

Печете на 230 степени во загреана рерна околу 30 минути со капак, па намалете на 200 степени, отстранете го капакот и печете уште 10-15 минути. Пред консумирање, оставете го тестото да се олади.

(50)

loading...

Вашиот коментар