Вкусно пилешко со пармезан

Со пилешкото се чини дека никогаш не можете да погрешите, но секако може и да се надминете себе си.

Состојки (за 4 лица):
– 1/2 шолја лебни трошки
– 1/2 шолја рендан пармезан
– 4 помали парчиња пилешки гради (околу 700 грама)
– 2 јајца, изматени
– 3/4 шолја маринара сос (или обичен сос од домати)
– 150 грама исецкана моцарела
– маслиново масло
– сол, бибер
– крцкаво лепче за сервирање

 
 

Начин на подготовка:
Измешајте ги лебните трошки и ренданиот пармезан. Во големо тавче за пржење загрејте маслиново масло на средна температура. Прво намачкајте ги пилешките гради со сол и бибер, потоа потопете ги во јајцето, а на крај во мешавината од пармезан и лебни трошки.

Пржете го пилешкото додека не добие златна боја од двете страни. Префрлете го во тава за печење. Прелијте го со маринара сосот и додајте ја исецканата моцарела.

  
 

Печете 20 минути во рерна загреана на 225 степени целзиусови. Послужете со крцкаво лепче.

Крв да ви се стори!

(16)

loading...

Вашиот коментар