Вкусно пилешко со топено сирење и печурки

Спремни сте да ги оставите домашните или гостите без зборови? Потрудете се да го направите овој рецепт и уживајте во пофалбите!

Состојки:
– 4 парчиња бело месо
– 4 лажици маст или маслиново масло
– сол
– бибер
– 2 главици кромид
– 200 гр шампињнони
– топено сирење
– 1 лажичка мајчина душица

 
 

Начин на подготовка:
Месото измијте го и исушете го. Загрејте маст и пржете го месото од секоја страна по 2 минути. Извадете го од тава, посолете и побиберете. Свиткајте го во алу фолија и ставете го на околу 80 степени во рерна.

Кромидот исечете го на кругови. Шампињоните исечкајте ги на четвртини. Сè испржете на маста од месото (околу 5 минути). Ставете ја масата на месото, а топеното сирење пресечете го на два дела и ставете го на врв. Посипете со мајчина душица и ставете во рерна сирењето да се растопи (околу 2 минути).

  
 

Крв да ви се стори!

(43)

loading...

Вашиот коментар