Вкусот на ориентот – Лахмаџун

Во летните денови кои се пред нас ви препорачуваме да пробате нешто вкусно и ориентално. Ако досега сте немале прилика да пробате турска пица, позната како лахмаџун, време е да го сторите тоа.

Еве уште подобра идеја како да се искористи убавото време – поканете го друштвото и покажете се како вистински експерт во кујна. Подготовката на пицата е брза и едноставна, а во исто време е толку свежа, некалорична и вкусна.

 
 

Ако се решите да пробате нешто ново, ова е рецептот:

Состојки:

  
 

За тесто:
– 350g брашно
– 1 кесичка квасец
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
– 200 ml млака вода
– 2 големи лажици маслиново масло

За фил:
– 1 кромид
– 1 црвена пиперка
– 2 лажички сос од домати
– 250 грама мелено месо
– 1 лажичка магданос
– Сол и бибер

Начинот на подготовка е следниот:
Сите состојки што ви се потребни за тестото ќе ги ставите во еден длабок сад, убаво ќе ги измешате и ќе го оставите тестото да отстои 40 минути. Кромидот и пиперката ситно исечкајте ги или уште подобро измелете ги. Додадете ги доматите, солта, магдоносот, биберот и убаво измешајте.

Сите состојки измешајте ги и пропржете ги заедно со меленото месо, околу 10-тина минути.

Подготете 2 тепсии со хартија за печење на нив. Ставете малку брашно на работната маса, поделете го тестото на 2 еднакви дела и растегнете ги во кружна форма. Врз тестата нанесете го филот.

Рерната вклучете ја на 220 степени и печете од 8 до 10 минути. Откако ќе се испече тестото, пресечете го лахмаџунот и врз секое делче сервирајте зелена салата, исцедете малку свеж лимон, а може и да ги свиткате парчињата во ролна.

Добар апетит!

vkusot-na-orientoto-lahmadzun-1

(46)

loading...

Вашиот коментар