Грчки џем од слива

Искористете го перидов додека има сливи и спремете вкусен и неодолив грчки џем од сливи.

Состојки
– 1 кг слива
– 2 кисели јаболка
– 1 кг шеќер
– 1 лажичка цимет
– 1 кесичка ванила
– 2 лажички свежо цеден сок од лимон
– 5 чаши вода

 
 

Подготовка
Водата и шеќерот ставете ги да се зготват. Измијте ги сливите и извадете ги семките, а јаболките излупете ги и изрендајте ги. Кога сирупот ќе се зготви, додајте го овошјето и мешајте додека џемот не се зготви. Пробајте така што ќе ставите малку на чинии, па ако остане трага кога ќе се повлече лажицата, џемот е направен. Додајте цимет, ванила, сок од лимон и рум по желба и оставете да се зготви уште две минути.

Тргнете го од шпоретот, наполнете стерилизирани, топли тегли, затворете ги цврсто и превртете ги теглите наопачки. Нека останат така се додека не се оладат целосно.

  
 

Крв да ви се стори!

(139)

loading...

Вашиот коментар