Домашни погачи со кисело млеко

За оној кој му “лежат“ правењето пецива и креативноста со која може да се изрази правејќи ги, овој рецепт е полн погодок!

Состојки:
– 250g брашно (тип 400)
– 60g маргарин
– 1 шолја кисело млеко
– 1 кесичка прашок за печиво
– 1 јајце
– Сусам по желба

 
 

Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додадете го маргаринот и месете го тестото додека не добиете хомогена смеса.

Додадете го киселото млеко и повторно месете го тестото.

  
 

Оставете го на топло да мирува половина час, а потоа растегнете го тестото да биде дебело околу 2cm и со чаша направете погачи.

Во тава ставете масна хартија и наредете ги погачите. Премачкајте ги со жолчката од јајцето, напрскајте ги со сусам по желба и ставете ги во загреана рерна на 180 степени.

Печете ги 20-на минути сè додека не заруменат.

Крв да ви се стори!

(22)

loading...

Вашиот коментар