Компир карбонара со топен кашкавал и сланина

Едноставен рецепт кој се прави брзо, не бара врвни кулинарски вештини, а е сочен прилог или главно јадење.

Потребни состојки:
– 1kg компир
– 1 мал кромид
– 150g сланина
– 300ml слатка павлака
– 80g кашкавал по желба
– 1 јајце
– Сол
– Зачини по желба

 
 

Подготовка:

Компирите добро измијте ги, излупете ги и исечете ги на дебели кругови. Сварете ги во зовриена вода околу 10 минути. Не треба да ги преварите, затоа што допрва ќе ги печете.

  
 

Помешајте ја павлаката со јајцето, кашкавалот и зачините.

rucek-nabrzina-kompir-karbonara-so-topen-kaskaval-i-slanina-2.jpg

На тава за печење наредете ги проварените компири, па прелијте ги со павлаката.

Пропржете ги сланината и кромидот на малку масло, па додадете ги во тавата.

Измешајте додека сосот не се промеша добро со сите компири.

rucek-nabrzina-kompir-karbonara-so-topen-kaskaval-i-slanina-3.jpg

Вклучете ја рерната на 200 степени и печете 20-30 минути. Ако компирот е недопечен, продолжете го времето за 10 минути.

Сервирајте додека топло. За побогат вкус може да ставите малку пармезан одозгора.

rucek-nabrzina-kompir-karbonara-so-topen-kaskaval-i-slanina-4.jpg

(51)

loading...

Вашиот коментар