Компир чорба со павлака

Уште еден одличен рецепт за вкусна и сочна компир чорба со павлака. Да почнеме…

Потребни состојки:
– 5 компири
– 300 мл. млеко
– 1 павлака
– 2 лажички копар
– 1 лажичка вегета

 
 

Припрема:
Излупете ги компирите и исецкајте ги на ситни коцки. Ставете ги во 1 литар солена вода во тенџере на оган да се варат околу 20-тина минути.

Откако ќе се свари компирот, изматете го со миксер се додека смесата не се хомогенизира. Додајте го млекото, павлаката и вегетата. Гответе уште 10тина минути, па на крај додадете го ситно сецканиот копар.

  
 

Послужете ја чорбата додека е топла. Додадете маслиново масло и лимонов сок по желба.

Крв да ви се стори!

(12)

loading...

Вашиот коментар