Крем салата со ориз и бадеми

Здосадено ви е од веќе традиционалните празнични салати и закуски? Еве ви можност да пробате нешто сосема ново и исклучително вкусно!

– 300 г варен ориз
– 300 г коцки шунка
– 300 г коцки кашкавал
– 150 г коцки обарен морков
– 150 г конзервирана пченка
– 100 г толчени бадеми
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 300 г мајонез
– 300 мл кисела павлака
– 1 лажичка кари
– сол и мелен црн пипер

 
 

Кромидот и лукот ситно исечете ги и ставете ги во сад. Додадете ги оризот, пченката, бадемите, шунката, морковите и кашкавалот. Посолете и додадете кари и црн пипер.

  
 

Потоа додадете ги павлаката и мајонезот и промешајте ја салатата.

(36)

loading...

Вашиот коментар