Крофни од рерна полнети со крем: Меки и без многу масло!

Време е за подготовка на брзи крофни и тоа без многу масло…

По оригиналниот рецепт овие крофни се подготвуваат во посебен калап за мафини, но вие можете да користите обичен калап и да ги печете во рерна. Вкусот е неверојатен!

 
 

Состојки:
– 1 шолја брашно
– 1,5 лажица шеќер
– 1/2 лажичка прашок за печиво
– 1/4 лажичка сол
– 2 јајца
– 1 шолја млеко
– 2 лажици путер, омекнат на собна температура
– крем по желба

Подготовка:
Посебно измешајте ги сувите состојки, а посебно жолчките, млекото и путерот. Потоа измешајте ги смесите заедно и додајте претходно направен шлаг од белки – лесно измешајте го во смесата.

  
 

Добро намастете калап за мафини, а потоа во секоја вдлабнатина ставете по малку смеса. Со помош на шприц во секоја крофна ставајте крем по желба, а потоа преку додајте уште малку смеса.

Печете 10 минути на 200 степени.

Крв да ви се стори!

(157)

loading...

Вашиот коментар