Магдоносот како лек

Магдоносот е исклучително богат со антиоксиданти, како што се бета-каротен, лутеолин, апиген, ликопен и алфа-каротин

Магдоносот е медитеранска билка која најчесто се користи како зачин. Но, магдоносот не е само тоа, ниту, пак, декорација во чинијата, бидејќи има многу лековити својства. Магдоносот како лек може да се конзумира на различни начини и за различни состојби. Своето место во народната медицина, оваа билка го заземала уште во средниот век, а некои народни лекови се користат и денес.

Лековитост на магдоносот

Магдоносот е исклучително богат со антиоксиданти, како што се бета-каротен, лутеолин, апиген, ликопен и алфа-каротин. Исто така содржи важни витамини и минерали како витамин А, Ц и К, фолати, железо и калциум. Поради бројните хранливи состојки го подобрува имунитетот. Исто така, се користи во лекувањето на анемија предизвикана од недостаток на железо.

 
 

Магдоносот може да биде од голема корист за:

  • здравјето на очите,
  • контролирање на ревматоиден артритис,
  • здравјето на мозокот,
  • балансирање на хормоните кај жените
  • помага да се исчистат бубрезите и придонесува за нивно нормално функционирање, а се користи како диуретик за бубрежни камења, жолчни камења и инфекции на уринарниот тракт,
  • Магдоносот е природен освежувач на здив, го намалува лошиот мирис ако се изџвакаат неколку свежи листови

(61)

  
 

Вашиот коментар