Макало од јогурт и зеленчук

Попознато како Yoğurtlu Meze, ова лесно предјадење е едноставно за подготовка и е совршено мезе за секоја прилика.

Состојки:
– компири (средна големина) – 2
– грашок – 100 гр.
– моркови (мали) – 4
– лук – 2 чешниња
– крем јогурт – 150 гр.
– мајонез – 2 лажици
– исечкан босилек – 1 лажица
– мелена пиперка (лута или слатка по желба)

 
 

Инструкции:

Излупете и исечкајте го компирот. Истото направете го и со морковите. Ставете го зеленчукот да се свари во зовриена солена вода. Кога зеленчукот е скоро сварен, додајте го грашокот и гответе кратко додека не омекне.

  
 

Сварениот зеленчук исцедете го и оставете малку да се олади. Испасирајте.

Додадете го лукот, крем јогуртот, мајонезот, сол по желба, пиперката и исечканиот босилек. Уште малку пасирајте. Оставете смесата да се олади во фрижидер.

Попрскајте со малку маслиново масло и послужете.

Крв да ви се стори!

(231)

loading...

Вашиот коментар