Мезе на денот: ѕаѕики по оригинален рецепт

Вкусното грчко ѕаѕики на кое никогаш не можеме да му одолеете, конечно може да го подготвите дома. Без тајни состојки, брзо и лесно.

Потребно ви е:
– 400 ml цврст јогурт
– 4 краставици
– 2 чешниња лук
– 2 лажици маслиново масло
– ½ лимон
– Сол, бибер
– Малку копар, по желба

 
 

1. Краставиците изрендајте ги и оставете ги малку да отстојат.
2. Добро исцедете ги, додајте го ситно сечканиот лук и копар доколку сакате, маслиновото масло и лимоновиот сок.
3. На крај измешајте го цврстиот јогурт и оставете ја салатата во фрижидер неколку часа за вкусовите да се соединат.

socno-tzatziki-po-originalen-recept-2.jpg

  
 

(890)

loading...

Вашиот коментар