Милка торта со плазма бисквити

Рaсположени за вкусен десерт во текот на овој викенд?

Состојки:
– 12 јајца
– 10 лажици шеќер
– 375 г маргарин (едно и пол пакување)
– 300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г)
– 600 г обични плазма бисквити
– 2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади

 
 

Подготовка:
Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот.

Посебно се мати маргаринот и и’ се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните.

  
 

Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.

Крв да ви се стори!

(42)

loading...

Вашиот коментар