Мусака од модар патлиџан

Секогаш вкусната и неодолива мусака со модар патлиџан, сега ќе можете да за припремите брзо и лесно, а притоа и да ги воодушевите домашните или гостите со овој првокласен рецепт.

Состојки:
– 1кг. модар патлиџан
– 500гр мелено месо
– 200гр брашно
– 2 лаж. Кисела павлака
– 1 главица кромид
– 7 јајца
– Сол
– Бибер
– 1 дл. Масло

 
 

Подготовка:
Се лупи модриот патлиџан. Се сечка по должина на кришки од по половина см. Патлиџанот се потопува во чинија со ладно-солена вода, за да ја изгуби горчината.

Се матат 5 јајца и се посолуваат, во друг тањир се става брашно. Патлиџанот се процедува и секое парче се валка во брашно па потоа во јајца и се пржи на масло додека да добие златно жолта боја.

  
 

На масло да се издинста ситно сечкан кромид, меленото месо, сол, бибер и се добро се пропржува.
Се матат две јајца, млеко и павлака, се посолува и побиберува.

Во ватростален сад се редат по ред похованите патлиџани, преку се распоредуваат , пола маса фил со месо,се залива со една третина од филот од јајца и млеко. Потоа се реди другиот ред на палиџан, месо, и прелив. На крајот, се завршува со ред од патлиџан и се прелива со преостанатаиот прелив со млеко и јајца. Се пече во рерна загреана на 200.C , се пече 45 – 50 мин.

Крв да ви се стори!

(42)

loading...

Вашиот коментар