Направете вкусна бела мусака

Ова е малку поинаква верзија од класичната мусака, но исто така е многу вкусна и сочна.

Состојки:
– главица сецкан кромид
– лажица маст
– 1 кг. мелено говедско месо
– сол и црн пипер
– 3 јајца
– малку лута пиперка
– лажица сецкан магдонос
– 170 гр. сок од домати
– 1 кг. компири исечени на коцки
– чаша топла вода
– 1,5 чаши јогурт
– 2 чаши брашно

 
 

Подготовка:
Кромидот пропржете го на маста, додека не стане златно-кафеавкаст, додадете месо, зачини, магдонос и сок од домат, па сето тоа заедно гответе го на тивок оган. Потоа додадете компир и врела вода, па гответе во следните 10 минути.

Сето тоа префрлете го во земјен или огноотпорен сад и пола час печете на 190 степени. Јогуртот, јајцата, брашното и солта добро промешајте ги и прелејте врз печеното месо. Варете во рерна на уште 10-на минути да се запече.

  
 

Крв да ви се стори!

(47)

loading...

Вашиот коментар