Направете домашен крцкав ѓеврек

Во денешно време ретко кога може да начекате и налетате на навистина добар, вкусен и крцкав ѓеврек. Но, што ако се одлучите да научите сами да си ги правите?

Состојки:
– 500-600 гр брашно
– 300 мл млака вода
– малку масло
– 30 гр квасец
– 5 лажици шеќер
– сусам

 
 

Подготовка:
Квасецот растворете го во вода, додајте шеќер и кога ќе се раствори додајте брашно. Замесете средно тврдо тесто. Кога ќе биде глатко покријте го да одмори 30 минути.

Растегнете го тестото на дебелина од 1,5 см и вадете поголеми погачици, а потоа од нив со чаша вадете помали. Така добивате исечени ѓевреци. Прекријте со фолија.

  
 

Во тенџере ставете шеќер и карамелизирајте го па додајте 1 л вода. Кога ќе зоврие спуштајте ги ѓевреците и гответе ги околу 2 минути.

Вадете ги на крпа на која сте ставиле сусам. Посипете ги со сусам, а потоа наредете ги во плех на кој сте ставиле хартија за печење.

Рерната вклучете ја на 200 степени и печете околу 30 минути.

Крв да ви се стори!

(90)

loading...

Вашиот коментар