Најдобар рецепт за вртена пита

Рецепт за вртена пита, чиј мирис и вкус ќе ве врати во детството, како во времето кога баба ви знаела да ја замеси…

Состојки:
– 500 гр брашно
– 2,5 дл вода
– 1 квасец
– малку сол
– фил: урда/зелка/праз/спанаќ

 
 

Подготовка:
Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња. Од секое се сука кора и се премачкува со маргарин или маст.
Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една.

Секоја кора се попрскува со масло и се става урда/праз/зелка/спанаќ по желба и се витка во ролна.

  
 

Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуват со масло.

Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени.

Крв да ви се стори!

(712)

loading...

Вашиот коментар