Неодолива торта со чоколадо и афион

Секогаш е добро време да се приготви домашна торта, особено ако во рецептот е вклучено и чоколадото како една од состојките. Испробајте се колку сте вешти во кујната со овој рецепт…

Состојки:

 
 

Тесто:
– 8 жолчки од јајце;
– 8 белки;
– 200 гр. шеќер;
– 200 гр. путер;
– 300 гр. афион (мак);
– 120 гр. пржени и мелени лешници;
– Околу 250 гр. мармалад од сливи.

Глазура:
– 150 гр. чоколадо;
– 150 мл. слатка павлака;
– 2 кесички ванилин шеќер.

  
 

Подготовка:
Со миксер матете го путерот со 100 гр. шеќер. Кога смесата ќе стане хомогена, додавајте ги жолчките една по една и сè добро измешајте.

Белките матете ги со преостанатите 100 гр. шеќер и кога ќе добиете цврста пенеста смеса додадете ги афионот и лешниците. Потоа помешајте ги двете смеси.

Калапот за торта со дијаметар од околу 28 см. обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со путер. Во претходно загреана рерна печете околу 40 минути на 170 степени. Печената торта извадете ја од рерната и оставете ја да се олади.

Кога ќе стане млака (не ладна), извадете ја од калапот, поставете ја на голема чинија за служење и премачкајте ја целата торта со мармаладот од сливи.

Подгответе ја глазурата. Во слатката павлака растопете го чоколадото, додадете го ванилиниот шеќер и оставете за зоврие. Премачкајте ја тортата со чоколадната глазура преку слојот од мармалад. Кога ќе се излади, ќе биде готова за служење.

(49)

loading...

Вашиот коментар