Норвешки сос

Овој сос е еден од најпопуларните празнични сосови во оваа скандинавска земја. Се служи како прилог кон главно јадење, најчесто ладно месо или сиров зеленчук. Приготвувањето е едноставно и трае 30-тина минути.

Состојки (4 порции)
● 2.5 дл масло
● 1 мала лажица вински оцет
● 5 солени риби (или филети од конзерва)
● 100 гр ореви
● 1 чешне лук
● бибер
● 3 мали лажици сенф

 
 

Подготовка
Исчистете ги рибите од коски и оставете ги да одлежат некое време во вода. Потоа, изгмечете ги и направете смеса од нив.

Сoмелете ги оревите и помешајте ги со рибите и сенфот. Разредете со вински оцет. Сите состојки добро измешајте ги и полека додавајте го маслото со постојано мешање. Зачинете со бибер.

  
 

Крв да ви се стори!

(64)

loading...

Вашиот коментар